Возач со „мерцедес“ удрил 15-годишно девојче и побегнал

од Milan1
76 прегледи

– На 09.03.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини