Возач во Германија „заработил“ казна додека барал паркинг место 77 секунди, морал да плати 30 евра

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Бизарен настан се случи на Semmelweisstraße во берлинскиот кварт Altglienicke. Целиот процес е видлив дури и на фотографиите на самиот оператор Parkdepot: Андреас Боениш (56) доаѓа со својот E-Smart на влезот во 18:14:44 часот и повторно заминува во 18:16:01 часот.

„Видов дека нема соодветно место за паркирање“, изјави Боениш за „БИЛД“.

Сепак, тој всушност доживеал големо изненадување девет дена по неуспешната потрага по паркинг, кога во неговото сандаче пристигнала казна од 30 евра.

Компанијата го отфрли неговиот последователен приговор на следниов начин: „Нашето управување со паркирањето се заснова на дигиталната евиденција на официјалната регистарска табличка при влез и излез. Не е потребно прикажување на паркинг билет, ниту ангажман на инспектор“.

Напоменале дека договорот за користење на паркинг просторот се склучува веднаш штом ќе влезе возачот.

– Кога повторно ги погледнав поставените табли, веднаш ми пријдоа две лица кои исто така беа засегнати. Двајцата мажи застанале само за да ги пуштат патниците, вклучително и една жена со штаки која имала преглед на лекар. Мораа и тие да платат, луто раскажува Боениш.

Компанијата „Parkdepot“ не прифаќа никакви приговори. Не земаат ни предвид дека времето од влез до излез било само 77 секунди. Посочија дека на тој простор има целосна забрана за паркирање. „Регулативата не остава простор за маневрирање. Не е дозволено паркирање, застанување, утовар/растовар или слично“, велат тие.

На прашањето на „BILD“, компанијата едноставно изјави: „Знаците се јасно видливи и лесни за читање“.

Претприемачот Боениш сега плати 30 евра, но се уште размислува за правни чекори.- Овој дел од бизнис моделот на намамување луѓе во стапица го сметам за измама, дециден е Андреас Боениш, цитиран од „Феникс магазин“.

Слични содржини