Возачите на овие марки на автомобили собираат најмногу казнени поени во сообраќајот

од Vladimir Zorba
453 прегледи

Во Германија беше спроведена студија за да се утврди кои возачи и кои марки на автомобили имаат најмногу казнени поени во сообраќајот. Со ова се занимаваше порталот Verivox чија основна дејност е заштита на потрошувачите и споредба на цените на клучните производи и извори на енергија во Германија.

Дошле до заклучок дека најмногу негативни поени собираат возачите на Porsche, кои со 76 отсто се натпросечни. Како што пренесува „Јутарњи“, на второ место се возачите на Land Rover со 75 отсто, а потоа на Jaguar со 73 отсто. Возачите на Mitsubishi се најдобри учесници во сообраќајот со 40 отсто потпросечни, потоа следат возачите на Jeep со 31 отсто под просекот и возачите на Suzuki (30 отсто).

Во однос на специфичните модели, возачите на Škoda Superb се на врвот со 91 отсто над просекот. Потоа следуваат возачите на BMW Серија 2 со 75 отсто над просекот, како и Mercedes CLA на третото место (66 отсто над просекот).

„Осигурителните компании стануваат подобри во пресметувањето и предвидувањето на стапките и зачестеноста на загубите“, вели Волфганг Шутц, директор на Verivox Versicherungsvergleich GmbH. „Кога станува збор за цените на премиите за осигурување, сегашната класа без штети, исто така, обезбедува многу посигурни информации за веројатноста за штета во несреќа“.

Сепак, возачите дефинитивно треба да дадат точни информации за нивните бодови при осигурувањето.

„Секој што дава лажни информации кога склучува договор, ризикува да плати казна во случај на штета“, вели Волфганг Шут.

Слични содржини