Драматичниот момент кога возачот успеа да се спаси неколку секунди пред возилото да удри во патнички воз на Утах транзит во Лејтон, беше снимен на видео кое стана вирално за кратко време.
Овој инцидент ги истакнува опасностите кои демнат на железничките премини и важноста од почитување на сообраќајната сигнализација. За среќа, возачот успеал да излезе од возилото пред сударот, избегнувајќи повреди.
На видеото се гледа како возот се движи кон железнички премин каде што бел џип делумно ги блокирал шините. И покрај предупредувачкиот звук на сирената, локомотивата не застанала навреме и удрила во возилото.
За неколку секунди ја избегна смртта
Возачот на џипот успеал да застане откако пикапот одзади го турнал неговиот автомобил преку железничкиот премин, но тој останал заглавен меѓу шините. Во последен момент, возачот го ставил возилото во рикверц, удрил во рампата и успеал да се симне пред возот да удри во џипот.
Гавин Густафсон, портпарол на УТА, за медиумите изјави дека сите имале среќа што избеганале сериозна повреда. УТА проценува дека судирот предизвикал штета на возот од над 100.000 долари. Исто така, оштетени се и рампата и бандерата за премин, но столбот е саниран во рок од 24 часа со помош на градот Лејтон.