Возачот на „камионот на смртта“ се преправал дека е жртва за да избегне апсење: Му се заканува смртна казна

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Мажот осомничен дека го возел „камион на смртта“ во кој биле пронајдени повеќе од 50 тела на мигранти од Мексико, се преправал дека е еден од преживеаните за да избегне апсење.

Камион полн со безживотни тела беше пронајден пред два дена во Сан Антонио, а Хомер Заморано (45) е уапсен недалеку од местото на злосторството. Полицијата го пронашла како се крие во грмушка.

Официјални лица изјавија дека Заморано рекол дека тој е еден од преживеаните од камионот и на тој начин се обидел да избегне апсење.

Тој е вториот осомничен во грозоморниот случај кој го потресе целиот свет. Првоосомничените Кристијан Мартинез (28) и Заморано се обвинети за учество во трагедијата која однесе 53 животи.

Мартинез е обвинет за транспорт на илегални мигранти, додека Заморано е обвинет за криумчарење мигранти што резултирало со смрт.

Доколку се докаже нивната вина, им се заканува доживотен затвор, а можеби и смртна казна, изјавија американските власти.

Во камионот биле сместени бегалци од Мексико, Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор.

Нивните тела беа пронајдени во понеделникот вечерта на периферијата на Сан Антонио. Кога полицијата ја отворила вратата од приколката, ги видела телата во толпата. Тие изброиле 46 безживотни тела. Во приколката се пронајдени уште најмалку десет лица кои давале знаци на живот и тие во тешка состојба се пренесени во болница. Во меѓувреме стигна веста дека починале уште седуммина, со што бројот на жртвите од камионот на смртта се искачи на 53.

Во болницата има уште 11 лица, меѓу кои и деца.

Кобниот ден во Сан Антонио биле измерени речиси 40 степени Целзиусови, а надлежните велат дека во камионот немало вода, ниту пак климата била вклучена.

Заморано е уапсен недалеку од местото на настанот, а Мартинез е уапсен откако полицијата го „поврзала“ со телефонски број во мобилниот телефон на Заморано.

Слични содржини