Возилата со странски регистарски таблички од денес ќе можат да се регистрираат во земјава

423 прегледи

Донесен е правилникот за поединечно одобрување на возилата, кој инаку беше проблем за да се пререгистрираат возилата кои имаат странски таблички.

Како што говорат најавите од Министерот за економија, се очекува правилникот денес да биде објавен во Службен весник, со што ќе стапи на сила.

„Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата“, посочи вчера министерот Бектеши.

Инаку, Царинската управа и Бирото за меторологија слободно можат да ги регистрираат возилата кои се опфатени во последното законсо решение. Според тоа, може да се регистрира возила кое е донесено во земјава до 1 октомври 2020 година, а давачките се намалени за 50 отсто.

Инаку, како што пишува во законот, предвидено сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

 

Слични содржини