Возило со англиски ознаки излетало од патот Скопје-Тетово

од Nikola Popovski
212 прегледи

МВР информира дека неколку лица, меѓу кои имало и малолетници биле повредени во несреќата која се случила вчера кога возило со англиски ознаки излетало од патот кој води кон село Бојане, скопско.

Според полицијата, вчера околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, пред крстосницата со локалниот пат кој води кон с.Бојане, скопско, патничко возило „бмв“, со англиска национална ознака, управувано од Е.Б.(32) од Англија, излетало од патот.

-Во незгодата, сопатниците И.Б.(66) од с.Палиград, скопско, и С.Ч.(27) од с.Рашче, скопско, двајцата со живеалиште во Англија, се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници од Англија, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, стои во соопштението.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини