152
Американските медиуми јавуваат дека полицијата застрелала жена во врат по немирите и упадот на демонстрантите кој вечерва се случи на Капитол Хил во Вашингтон.
Видеото покажува медицински работници кои превезуваат ранета жена облеана во крв.
NEW – DC police shot a woman in the neck. Now taken out on stretcher covered in blood.pic.twitter.com/fk3zvYyvXO
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) January 6, 2021
Да потсетиме, приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Капитол вечерва за време на сесијата на Конгресот на која требаше да биде потврден гласот на Изборниот колегиум.
Сенаторите беа евакуирани и пренесени на безбедно место. Демонстрантите ја окупираа зградата.