На православните гробишта во Катланово, осквернавен и ограбен е гробот на Зоран Василевски, кој во јавноста беше познат како Зоки Фаци.
За немилиот настан се огласи и познатиот јутјубер Стефан Лазаров, пријател на покојниот.
– Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи … Па добро бе, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота! Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија, напиша Стефан на својот Фејсбук профил.
Криминалниот чин беше потврден од МВР.
„Денеска (03.03.2025) во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во с.Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.