Вознемирувачко: Кулеба објави фотографија од „масовна гробница“

од Nikola Popovski
350 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека 1.582 цивили биле убиени во 12-те дена од опсадата на Мариупол. Во објавата на Твитер, тој ја опиша како „најлошата хуманитарна катастрофа на планетата“.

Кулеба додаде дека рускиот претседател Владимир Путин „не е способен да ја победи украинската армија, ги бомбардира невооружените и ја блокира хуманитарната помош“.

„Потребни ни се авиони за да ги запреме руските воени злосторства“, рече категорично украинскиот министер за надворешни работи.

Кулеба објави фотографија на која наводно се гледа закопувањето на мртвите, што може да биде вознемирувачко за некои читатели.

Инаку, украинскиот министер за надворешни работи вчера во Анталија имаше средби со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој не можеше „сам да донесе одлуки“.

По состанокот во турското одморалиште, Кулеба рече дека се бара дипломатско решение за хуманитарната катастрофа во Украина.

„Стигнав овде со хуманитарна цел, да организирам коридор од Мариупол за цивили кои сакаат да избегаат од областа на страв и борба“, рече Кулеба, додавајќи дека Лавров за жал не бил во позиција да се заложи и да вети“, но ветил дека за ова прашање ќе контактира со „надлежните органи“.

Слични содржини