212
Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судир на автобус и автомобил во Алжир, соопшти алжирската противпожарна служба.
Несреќата се случила во средата околу 04:00 часот по локално време во градот Таманрассет, кој се наоѓа на околу 1.500 километри јужно од главниот град на Алжир.
„По судирот избувнал пожар при што изгореле 34 лица“, се наведува во соопштението.
Алжирскиот канал за следење на сообраќајот тврди дека несреќата се случила кога автобусот удрил во „комунално возило“, по што избувнал пожар.
Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Алжир.
Минатата година, според официјалните информации, во сообраќајни несреќи загинале 907 лица.