(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО+ФОТО): Исламистите го снимиле убиството во затворот

од Milan1
155 прегледи

Затворениците кои ги убиваа стражарите и земаа заложници во 19-тиот окружен затвор во регионот на Волгоград, цело време го снимаа својот крвав пир со мобилни телефони!

На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат исламисти како држат дел од вработените во затворот во чуварската канцеларија, која целосно ја демолирале, додека останатите повредени и убиени лежат на подот.

Сцените се застрашувачки, бидејќи над нив стојат тројца затвореници со ножеви. На видеото што се појави на мрежата „X“, може да се видат најмалку тројца униформирани мажи како лежат во локви крв, додека еден униформиран маж го држи во седечка положба човек кој држи нож.

Заложничката криза се случи на седницата на дисциплинската комисија кога како заложници беа земени неколку затвореници. Според прелиминарните информации, загинал еден припадник на руската Федерална поправна служба.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за заложничката криза во затворот, кој се наоѓа во градот Суровикино во југозападна Русија. Затворот е назначен како казнена колонија „строг режим“ и може да собере до 1.241 машки затвореник, според веб-страницата на затворската служба.

Затвореници со ножеви ги нападнале вработените во затворот на седницата на дисциплинската комисија. Според руските медиуми, управникот бил ранет заедно со уште три лица, кои се пренесени во болница, јавуваат неофицијалните руски медиуми.

Слични содржини