(Вознемирувачко видео) Хоакин Феникс учествува во кампањата на ПETA

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Актерот Хоакин Феникс учествува во видео кампања на “Луѓето за етички третман на животните” (PETA), што ги претставува ужасите на кинеската трговија со кучешки кожи.joaquin_phoenix

Актерот, кој е вегетаријанец и ја отфрла облеката од животински кожи, ги предупредува гледачите за опасностите при купување на кожна облека, па прикажува брутални снимки кои покажуваат како ги тепаат и колат кучињата во кинеска фабрика.

“Кадрите кои ќе ги видите за кинеската трговија со кучешки кожи, се едни од најстрашните работи кои сум ги видел … Овие кучиња се земаат од улиците на Кина и се претепувани до смрт, кожите им се претвораат во облека, каиши, ракавици и други додатоци. Производите од кучешка кожа се извезуваат во целиот свет и се продаваат на доверливи клиенти, па ако купите производи од кожа,  нема начин да дознаете каква кожа се. Значи, ако сакате кучиња како мене, не купувајте и не носете облеки од кожа, без разлика од каква кожа се направени “, раскажува тој во видеото.