🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж од Радовиш брутално тепа бремена жена

од Milan1
8,4K прегледи

На Интернет се шири вознемирувачка снимка на која се гледа како маж брутално тепа жена во живо на „ТикТок“, со повик до надлежните итно да реагираат.

„Денес добивме нова дојава од граѓани каде ликов јавно и на „Live“ ја тепа бремената жена. Видеото е во објавата жената плачи и моли да не ја тепа!!! Лицето е од Радовиш. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи веднаш да го уапси ова лице, бидејќи ова може да има фатални последици по животот на бремената жена. Сите информации се добиени од загрижени граѓани. Ве повикуваме веднаш ваквите насилници врз жени и неродени деца да бидат уапсени!!! Ова е веќе од јавен карактер каде цела јавност гледа ИЗЖИВУВАЊЕ на live!!!“, пишува во објавата.

На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.

На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

Слични содржини