ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Навивачите на Крузеиро брутално го тепаа водачот на Палемирас

од Stefanija Kuzmanovska
393 прегледи

Ниту една земја не е имуна на навивачки тепачки, па истото е случај и во Бразил. Едно видео од оваа земја брзо ја обиколи планетата.

Навивачите на Крузеиро и Палемирас одеа на гостинска утакмица, но се сретнаа на автопат. Следеше тепачка, а симпатизерите на Крузеиро го фатија водачот на навивачите на Палемирас.

На видеото можете да видите како го водат некаде облеан во крв, а многумина не пропуштија прилика да го удрат. Во оваа тепачка беа повредени повеќе навивачи на Палемирас.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

Слични содржини