Се стравува дека повеќе луѓе се мртви откако автомобил влетал во толпа луѓе во Њу Орлеанс, се вели во извештаите. Луѓето ја прославувале Новата година на улица во градот кога возач влетал меѓу нив и ги покосил.
Екипите за итни случаи се упатиле на местото на нападот на раскрсницата на улиците Бурбон и Ибервил во францускиот кварт во градот.
Полицијата досега потврдила еден смртен случај, но се стравува дека бројката може да биде и до 10. Улицата Бурбон е главното место за ноќен живот во Њу Орлеанс. Во моментов е затворено додека трае истрагата.
Update: People killed as driver targets pedestrians on Bourbon St, New Orleans. pic.twitter.com/tnDIkXi2Cj
— Conspiracy News (@conspiracynews_) January 1, 2025
Човек кој бил сведок на ужасот додека бил на улица со својата сопруга, изјавил дека видел џип како „брза и прегазува луѓе“.
Сведоците за медиумите велат дека возачот на возилото почнал и пукал од оружје, а полицијата возвратила. Сведоците тврдат дека осомничениот „носел панцир“ и бил „вооружен со автоматска пушка“, според објавите на социјалните мрежи.
Moment New Orleans police open fire on driver that plowed into a crowd at Bourbon Street pic.twitter.com/9Dly9PwNNZ
— Chay Bowes (@BowesChay) January 1, 2025
Десетици полицајци реагираа на, како што го опишаа властите, „инцидент со масовни жртви“, а дел од патот бил опколен. На местото на настанот се видени и амбулантни возила и судски вештак.
Засега нема информации за осомничениот и не е јасно дали е уапсен.