Неколку лица се повредени за време на пукање денеска наутро во гимназијата „Тимбервју“, во градот Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, соопшти полицијата, пренесоа американските медиуми.
Телевизијата „ФОКС 4“ наведува дека извор близок до полицијата изјавил дека во нападот се застрелани три лица, но дека никој не е убиен.
Се претпоставува дека вооруженото лице се уште е во училишниот круг, но полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство.
Новинарката од Лос Анџелес, Нериса Најт на Твитер објави видео за кое вели дека и го испратила нејзината ќерка од училиште.
На видеото, учениците реагираат панично во училницата на истрелите што се слушаат во позадина. Новинарот изјави дека полицијата потврдила „дека има активна ситуација со стрелците во средно училиште“.
My daughter just texted me that there was a school school shooting at Timberview H.S. In Mansfield ISD in Arlington, TX. She sent this video that’s out. Her nearby school is on lockdown also, and we hear police sirens rushing in. Police confirm there is an active shooter. Praying pic.twitter.com/m90QzZUfTz
— Nerissa Knight (@nerissaknight) October 6, 2021