Руските сили егзекутираа 16 украински воени заробеници во близина на Покровск во областа Доњецк. Ова е најголемиот случај на егзекуција на украински воени затвореници, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител.
Вчера на каналите на Телеграм се појави видео од егзекуцијата на 16 украински војници. Се претпоставува дека тоа се случило во атарот на селата Миколајивка и Сукји Јар кај градот Покровско, за што со месеци се водат жестоки битки.
Предупредување: Видеото е вознемирувачко, гледате на сопствена одговорност
The Russian military executed 16 (!!!) surrendered Ukrainian soldiers at sight.
This is the worst incident of POW execution known so far in this war.
It happened near Pokrovsk.
Look at what the Russians did – they lined the surrendered Ukrainians up, shot them all down, and… pic.twitter.com/U3ub7PKx3x
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) October 1, 2024
На видеото се гледа како заробени војници на вооружените сили на Украина, под контрола на Русите, ја напуштаат плантажата. Откако се построиле, руските војници отвораат оган врз нив. Тие потоа ги „докрајчија“ ранетите со рафали од автоматски пушки од непосредна близина.
„Ова е најмасовниот познат случај на егзекуција на украински воени заробеници на линијата на фронтот. И ова е уште еден доказ дека убиствата и мачењето на затворениците не се случајност, туку политика на руското воено и политичко раководство“, нагласи главниот обвинител на Украина, Андриј Костин.
Украинскиот народен правобранител Дмитро Лубинец веќе реагираше на егзекуцијата на украинските воени заробеници со обраќање до ОН и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Обвинителството истражува прекршување на законите и обичаите на војната во комбинација со убиство со умисла, се вели во соопштението на обвинителството.