Маж скокна од 30 метри височина, за да се спаси од пожарот кој избувнал на десеттиот кат во зграда во Москва.
Во времето кога узбувнал огнот во станот се наоѓале тројца мажи. Тие почнале да бараат секакви начини за да се спасат и стигнале до балконот. Едниот некако успеал да се префрли преку оградата на балконот и да скокне на соседниот кат. Тој минал само со лесни изгореници.
На вториот сепак нервите не издржале и тој скокна од 30 метри височина надолу, за да го избегне пламенот. Според сведоците тој полетал со главата надолу и загинал на лице место.
Третиот маж сепак успеал да ги дочека пожарникарите кои го спасиле.
Според соседите загинатиот се викал Денис и имал 42 години. Во пожарот живо изгорело и неговото куче. Соседите изјавиле дека тројцата мажи празнувале некаков празник и биле многу пијани.