(Вознемирувачко видео) Руски специјалци елиминираа дел од терористите кои извршија напад во Дагестан

од Milan1
438 прегледи

Бројот на жртвите на терористичките напади во Дагестан се зголеми на 21, соопшти денеска регионалното Министерство за здравство на својот канал Телеграм.

„Лекарите се борат за животите на жртвите од терористичкиот напад во Махачкала и Дербент. Денеска, за жал, бројот на жртви се зголеми на 21, вклучувајќи полицајци и цивили“, се вели во соопштението, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Во неделата беа извршени неколку напади врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски станици во Махачкала.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како неколку вооружени лица пукаат кон терористите кои извршија напад во Дагестан.

Полициски службеник во цивилна облека пука поединечно од огнено оружје опремено со оптички нишан. Се слуша и како ги пцуе терористите. Првиот полицаец, кој лежи на земја, потоа вели дека „фатил“ еден од напаѓачите и го „наполнил“ со олово. Човекот со камерата потоа прашува каде се другите, очигледно мислејќи на засилувањата што очекуваат да пристигнат.

Може да се забележат и двајца напаѓачи во црно како лежат на земја во локва крв. Еден од нив и покрај раните се уште се обидува да посегне по оружјето, а полицајците му велат да „лежи мирно“.

Не е јасно кои се полицајците на видеото. Некои руски медиуми ги нарекуваат полицајци, додека други ги идентификуваа како припадници на специјална единица. Руските власти се уште не ја коментирале снимката.

 

facebook sharing button
twitter sharing button
viber sharing button
whatsapp sharing button
gmail sharing button
email sharing button

Слични содржини