(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Се полил со бензин и запалил сред улица, случајни минувачи правеле „селфи“

од Nikola Popovski
236 прегледи

Еден типичен ден кај кулата Галата во Истанбул, Турција, беше прекинат кога непознат маж, облечен како смртта, се полил со бензин и се запалил среде бел ден.

Меѓутоа, случајните минувачи не му дошле веднаш на помош, бидејќи повеќето од нив очигледно мислеле дека се работи за некаква претстава или вознемирувачка улична изведба. Неколку од нив направиле „селфи“ со лицето клекнало додека горело.

Дури кога мажот беспомошно паднал на земја, двајца локални трговци скокнале да помогнат и го изгаснале пожарот со противпожарни апарати.

Тој за чудо преживеал и покрај тоа што горел речиси една минута. Тој дури и подоцна седнат на земја разговарал со полицајците кои дошле на местото на нестанот.

Не е познато што го навело на вакво нешто.

 

Слични содржини