165
Возилата кои се движат по автопатот Тетово – Гостивар пред клучката за селото Врапчиште се пренасочуваат по спореден пат, заради сообраќајна несреќа која се случила околу 15:30 часот, објави Радио Гостивар на својата Фејсбук страница.
Според првичните информации на полицијата дошло до судар на две патнички возила, а била повикана и брза помош за да се згрижат повредените.
Во тек увид на местото на настанот, а од СВР Тетово најавија повеќе информации за подоцна.
Извор: Radio G