Вработен во кинеското министерството за државна безбедност бил шпион на ЦИА?

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Кинеските власти отворија истрага против вработен во владата на земјата, идентификуван само со презимето Хао, за наводна шпионажа во корист на американската ЦИА, соопшти денеска кинеското министерство за државна безбедност.

Се вели дека 39-годишниот Хао, чиј пол исто така не е наведен, бил вработен во министерството и бил регрутиран од ЦИА додека студирал во Јапонија, пренесува АП.

Неименуван американски функционер, наводно, развил добри односи со Хао со тоа што го однел во ресторани, му испраќал подароци и го финансирал пишувањето на истражувачки труд, по што го запознал Хао со колега за кој се испоставило дека е офицер на ЦИА, кој го убедил Хао да се врати во Кина и работи за американската разузнавачка агенција.

Хао наводно се согласил, потпишал договор за шпионажа со САД и поминал обука.

По враќањето во Кина, Хао добил работа во министерството и наводно неколку пати се сретнал со агенти на ЦИА за „да обезбеди разузнавачки информации и да собира средства за шпионажа“.

Си-Ен-Ен пренесува дека соопштението на министерството доаѓа 10 дена откако истото министерство објави дека друг кинески државјанин шпионирал за ЦИА и наводно бил регрутиран додека студирал во Италија.

Слични содржини