Вработен во обложувалница лажно пријавил дека го ограбиле

од Nikola Popovski
470 прегледи

МВР информира дека е расчистено лажно пријавување на кривично дело.

-На 19.10.2021 А.Д. пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ три лица физички го нападнале и му одзеле пари кои ги подигнал од спортска обложувалница. По преземени мерки било утврдено дека на наведениот датум не се случило такво дело, односно дека тој лажно пријавил разбојништво извршено над него.

Со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 366 од Кривичниот законик, соопштија од полицијата.

Слични содржини