551
МВР инфомира дека против 54-годишник од селото Долна Бањица, Гостиварско, е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето и издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка.
Според полицијата, пријавениот во декември 2019, како службено лице во „Пошта на Република Северна Македонија“ – подружница Гостивар, при растурање на пристигната пошта забележал затворен плик во кој имало картичка од српска банка со залепено ливче со пин-код, го отворил и од банкомат во Гостивар во неколку наврати подигнал вкупно 15.000 денари на штета на Р. С. (70) од с. Добридол, Гостиварско.