Вработена во казино присвоила 276.000 денари од каса

од Nikola Popovski
326 прегледи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, по чл.239 ст.1 вв ст.3 од Кривичниот законик.

Пријавената, вработена како касиер во правно лице за игри на среќа во Скопје, на 07/08.11.2021, додека била на работното место, присвоила за себе пари во износ од 276.220 денари кои ѝ биле доверени како задолжен депозит во врска со нејзината работа, со што го сторила кривичното дело.

Слични содржини