Џесика Бараза само неколку месеци работела на новото работно место во една од фабриките на Tesla, кои се во сопственост на најбогатиот човек на светот Елон Маска, кога, како што вели, започнало речиси секојдневното малтретирање.
Таа тврди дека работната средина станала толку непријателска што предизвикала вознемиреност, што била принудена да земе боледување со дијагноза на посттрауматско стресно растројство, пишува Вашингтон пост.
Бараза во четвртокот поднесе тужба против производителот на електрични возила, предводен од милијардерот Елон Маск, тврдејќи дека во фабриката на Tesla во Фремонт, Калифорнија има клима на сексуално вознемирување и дека повикување со различни имиња и агресивното физичко допирање се секојдневие.
Колегите рекле дека има „фигура како шише, задник како главица на кромид или дека е дебела“.
Во тужбата стои и дека една нејзина колешка и ја ставила ногата меѓу бутовите додека се враќала од ручек. Инцидентот го потврдил колега кој го видел.
„Тоа беше капката која ја прели чашата. По речиси три години вакво малтретирање, не се чувствувате безбедно, туку целосно дехуманизирано“, рече Бараза.
Вулгарни коментари
Во тужбата, поднесена во Вишиот суд во Калифорнија во областа Аламеда, Бараза вели и дека била подложена на вулгарни коментари за нејзиното тело и дека нејзините соработници често несоодветно ја допирале по задникот.
Бараза во септември и октомври испрати жалба до самата компанија и детално го опиша своето искуство во таа фабрика. Но, никој не ги истражувал нејзините обвинувања.
Бараза рече дека ваквото однесување се негува во самиот врв на компанијата, цитирајќи го хумористичниот твит на извршниот директор Маск, кој го споменува универзитетот што планира да го отвори, а чиј акроним гласи TITS, односно буквално преведено – цицки.
Таа не е единствената
Бараза не е единствената, имено уште тројца сегашни и поранешни работници на Tesla потврдија некои аспекти од нејзината тужба. Тие рекоа дека биле сведоци на инцидентите опишани во тужбата или дека самите доживеале сексуално вознемирување во објектите на Tesla во Фремонт, а рекоа дека атмосферата таму ја создале мажи, поради што жените се чувствуваат непожелно.
Однесувањето довело до тоа некои жени да земат боледување или да дадат отказ.