Повеќе од дваесет вработени во културата и медиумите во Русија ги повикаа властите да го предадат телото на опозицискиот активист Алексеј Навални на неговото семејство. Навални почина во руски затвор на 16 февруари.
Соработниците на Навални од синоќа објавуваат апели на социјалните мрежи, меѓу кои и добитникот на Нобеловата награда за мир и новинар Дмитриј Муратов, режисерот Андреј Звјагинцев, писателот Виктор Чендерович и активистка на протестната група Надежда Толоконикова.
„Срамота е да се изговори тоа во земја која себеси се уште смета за христијанска, но: Дајте ѝ го на Људмила Ивановна (мајката на Алексеј Навални) нејзиниот син“, рече Муратов, главен уредник на независниот весник „Новаја газета“.
Повеќе од 400 луѓе беа уапсени ширум Русија за време на собирите во чест на Навални.
Тимот на Навални објави дека тој е „убиен“ и ги обвини властите дека намерно го одложуваат предавањето на телото.