Хакери ја објавија доцна во четвртокот “втората порција” податоци од сајтот за изневери Ashley Madison, пренесоа “Асошиејтед прес” и “Ројтерс”. Компјутерски експерт, кој ги симнал податоците, изјави дека тие се автентични и вклучуваат компјутерска програма на веб, интерни пораки и порака до неговиот основач Ноел Бајдерман, пренесе “Ројтерс”.
Во пораката на хакерите, кои се нарекуваат “Пука група”, се вели: “Здраво, Ноел, можеш да прифатиш дека сега е вистински”. Тоа изгледа е одговор на хакери, откако во првичната реакција во вторникот компанијата “Авид Лајф медиа”, сопственикот на сајтот, најави дека распространетите податоци може да не автентични.
Сопруги и сопрузи во целиот свет се соочуваат со вонбрачните афери на партнерите откако хакери кои ја пробија заштитата на сајтот пред еден месец, објавија имиња на илјадници негови корисници.
Стотици службеници на американската влада, вклучувајќи луѓе на важни позиции во Белата куќа, Конгресот и агенции за спроведување на законот, го користеле интернет во своите канцеларии, за да влезат и да плаќаат такса за членство на сајтот за изневери, наведува “Асошиејтед прес”.
АП истражувала многу од профилите, откриени од страна на хакерите кои водат до федералните службеници. Станува збор за вработени во над дваесетина агенции во администрацијата на Барак Обама, вклучувајќи во Стејт департментот, Пентагон, Министерството за одбрана, енергетика, финансии, транспорт и внатрешна безбедност. Други дошле од компјутерските мрежи на Претставничкиот дом или Сенатот.
“Асошиејтед прес” не ги именува владините корисници кои беа откриени, бидејќи тие не се на изборни места и не се обвинети за кривично дело.
Министерот за одбрана Ештон Картер потврди дека Пентагон ја проучува листата на луѓе кои користеле воени мејл-адреси. Неверството може да биде кривично дело согласно кодексот за однесување во војската.
Во своето истражување на податоците “Асошиејтед прес” се концентрирала во потрагата по владини претставници на одговорни позиции кои може да станат предмет на уцена. Политиката во различните владини агенции во врска со користењето на интернет е различен, но случајот го покренува прашања и за тоа кои лични дела се прифатливи во работно време, забележува агенцијата.
