Вработените во Косовската радиотелевизија денес штрајкуваат поради доцнење на платите

Штрајкот, кој се одржи од 11:00 до 13:00 часот по локално време е организиран од Синдикатот на вработените во Косовската радиотелевизија и Косовскиот радио синдикат.

од Vladimir Zorba
4 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/РТК

Речиси 700 вработени во Косовската радиотелевизија денес штрајкуваат поради 24-дневно доцнење на нивните плати, објави медиумот.

Штрајкот, кој се одржи од 11:00 до 13:00 часот по локално време е организиран од Синдикатот на вработените во Косовската радиотелевизија и Косовскиот радио синдикат.

Според синдикатите, нивниот штрајк вклучува целосно затворање на сите оддели на медиумот и протести пред двете згради во кои се сместени радио и телевизиските студија.

Во соопштението, синдикатите ги повикаа надлежните органи да преземат итни мерки за решавање на финансиските проблеми на медиумот, со цел да се заштитат правата на неговите вработени и да се овозможи неговата работа да продолжи непречено.

Во исто време, Синдикатот на вработените во Косовската радиотелевизија повикува и на бојкот на изборните кампањи на косовските партии за предвремените парламентарни избори во декември.