206
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека вработените во општината ќе добијат повисоки плати за 2800 денари.
-Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација за 2800 денари.
Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите. Покрај ова верувам дека со оваа мерка дополнително ќе се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите, објави Стефковски.