Откако Стејт департментот објави дека повеќе од 80 отсто од програмите на УСАИД трајно се затвораат, персоналот на организацијата добиле нови наредби.
Имено, вршителот на должноста извршен секретар, Ерика И Кар испратила мејл во кој се заблагодарува на персоналот за отстранувањето на доверливите сефови и документацијата за персоналот од канцеларијата во Вашингтон.
Таа, исто така, им рекла да се сретнат во дворот на зградата на еднодневен настан каде што требало да се уништат документи.
„Најпрво, исецкајте што повеќе документи, а резервните кесички за спалување сочувајте ги ако сечилото се расипе или ако му треба пауза“, се наведува во е-мејлот.
Кар им наложила на вработените да ги означат ќесичките за спалување со зборовите „ТАЈНО“ и „УСАИД/Б/ИО“ (кратенка за „биро или независна канцеларија“) со темен фломастер.
Вообичаено, документите сместени во кеси за спалување и отстранување се запечатени и потоа се носат на безбедно место каде што се уништуваат.
Администрацијата на Трамп се соочува со повеќе тужби за распуштањето на УСАИД, што започна веднаш откако Трамп ја презеде функцијата во јануари. Синдикатите и другите групи го доведуваат во прашање овластувањето на администрацијата да ја затвори агенцијата и да ги замрзне средствата одобрени од американскиот Конгрес.
Пред два дена, американскиот државен секретар Марко Рубио на својот профил на социјалните мрежи „Х“ потврди дека 83 отсто од договорите на УСАИД, американската агенција за странска помош, се официјално откажани.
„По шестнеделен преглед, 83 отсто од програмите на УСАИД се откажани. Овие 5.200 договори потрошија милијарди долари на начини кои не беа во согласност, а понекогаш дури и контрадикторни со националните интереси на САД“, рече Рубио.