Вработените во шпанската модна компанија Зара во седум европски земји најавија протести за денес за Црниот петок, кој паѓа на 28 ноември оваа година.
Тие бараат сопственикот на Зара, Индитекс, да ја врати укинатата шема за поделба на профитот, објави Ројтерс.
Протестите се координирани од шпанскиот синдикат CCOO заедно со синдикатите во Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Португалија, а ќе се одржат пред најголемите продавници на Зара во европските метрополи.