Вработените во здравствениот сектор денес пред ФЗОМ ќе побараат исплата на платите за јануари

од Radmila Tasevska
187 прегледи

Денес претставници на синдикални организации на вработени во здравствениот сектор пред ФЗОМ ќе побараат исплата на платите за јануари и ќе информираат за следните чекори доколку не ги добијат парите во текот на денов.

Платите за месец јануари на вработените во здравството доцнат поради хакираниот систем на Фондот. ИТ-системот на ФЗО прекина со работа на 6 февруари откако беше цел на сајбер-напад.

Во четвртокот ФЗО побара сите јавни здравствени установи да достават податоци за вработените за да може да им се исплати плата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека доколку до понеделник не се реши проблемот, платите за здравствениот кадар ќе се обезбедат од Централниот трезор, а потоа ќе се порамнат со трезорот на Фондот за здравствено осигурување.

Слични содржини