ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛНИОТ ЖИВОТ: Бритни Спирс позира со синовите во природа (ФОТО)

од Nikola Popovski
309 прегледи

Пејачката Бритни Спирс, чиј приватен живот повторно е главна тема во светот на славните, позираше со своите синови при семејно фотографирање.

На сликата се 15-годишниот Шон Престон, 14-годишниот Џејден Џејмс и насмеаната Бритни. Фотографијата е наводно направена во Таузенд Оукс, Калифорнија, каде што живее Бритни, а објавена е на Инстаграм профилот со посвета на синовите на пејачката. Синовите ретко се гледале со својата мајка, па фановите биле изненадени колку пораснале.

Тие поминуваат повеќе време со нивниот татко, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн.

Во 2019 година беше поништена првичната судска одлука за останување на синовите во еднакво поделено старателство над мајката и таткото, и беше одлучено Федерлајн да добие 70% старателство, па Шон Престон и Џејден Џејмс поминуваат значително помалку време со својата мајка, пишува Мирор.

Слични содржини