Враќање во нормалниот живот на крајот на 2021 година?

од Nikola Popovski

Шефот на британскиот стручен штаб за вакцината против Ковид-19, Кејт Бингам, во интервју за Би-Би-Си оцени дека животот ќе се врати во нормала дури пред крајот на 2021 година.

Таа најави дека вакцината против коронавирус може да биде достапна најрано до крајот на оваа година и додаде дека прво ќе ја примат „најранливите“ членови на британското општество.

„Не мислам дека е веројатно дека почетната вакцинација ќе ги заштити луѓето засекогаш. Можеби ќе треба да се ревакцинираме за да го задржиме имунитетот против коронавирусот“, изјавила Бингем.

Во меѓувреме, во Северна Ирска било објавено дека во петок ќе започне двонеделен прекин на училиштата и услужните активности и четиринеделно затворање на ресторани и пабови со цел да се запре понатамошното ширење на вирусот.

Слични содржини