Враќање на голема врата: Џони Деп во улогата на кралот Луј XV (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Објавен е првиот официјален трејлер за историскиот филм „Jeanne du Barry“ во кој Џони Деп го игра контроверзниот француски крал Луј XV. Филмот е снимен во Франција, поточно во Версајската палата и околината на Париз.

Го режираше францускиот режисер Мајвен Ле Беско. Ова беше првиот филм на Деп откако го доби судскиот спор против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а фановите веќе напишаа на социјалните мрежи дека „едвај чекаат да го видат славниот актер во оваа улога“.

По објавувањето на трејлерот, фановите веќе го фалат Деп, при што воодушевени се од неговата улога и филмот. На Твитер имаше бурни реакции.

„Ова е големо враќање на Деп и воедно голем момент за неговата кариера“, „Ликот на Деп во овој филм е само доказ за неговите посебни актерски способности. Лик кој е и моќен и ранлив, со маани и доблести…Ова е добар потсетник за неверојатниот талент на Џони Деп“, „Визуелно зачудувачка историска драма со одлична музика“, се дел од коментарите на луѓето на социјалните мрежи.

Инаку, Деп ја одигра својата последна улога во филмот „Минамата“ од 2020 година, кој самиот го продуцираше.

Филмот „Jeanne du Barry“ ќе го отвори Канскиот филмски фестивал во мај.

Слични содржини