Враќање на голема врата: Еве кој ќе му биде конкуренција на Зеленски на претседателските избори

од Симе Стоиков
303 прегледи

Претседателските избори во Украина требаше да се одржат на 31 март 2024 година, но тоа не се случи поради вонредната состојба и општата мобилизација.

Зеленски претходно рече дека сега „не е вистинско време за избори“ и повика да се стави крај на ова прашање.

На крајот на ноември минатата година, претставниците на сите партии во Врховната Рада потпишаа изјава дека е невозможно да се одржат парламентарни и претседателски избори во Украина до крајот на конфликтот и во рок од шест месеци по укинувањето на вонредната состојба.

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека има намера да учествува на следните претседателски избори.

– Ако ме прашате дали планирам да се кандидирам на следните избори, да – изјави Порошенко во интервју за Ал Џезира, истакнувајќи дека Киев мора да постигне успех во воените операции за да се одржат избори.

Покрај тоа, Порошенко додаде дека има намера да се кандидира за Европскиот парламент, доколку Украина влезе во Европската унија.

Слични содржини