„Вратата на пеколот“ се шири во Сибир и ништо не може да ја затвори (ФОТО)

од Nikola Popovski

Жителите на Батагај во Јакутија, Русија, предупредуваат дека „вратата на пеколот“ е отворена во Сибир. Тие забележале џиновски отвор на земјата за кој некои веруваат дека е премин кон подземниот свет.

Извештаите велат дека масата што тоне продолжува да расте и влијае на пејзажот.

Сликите од кратерот Батагаика покажуваат огромна маса која тоне и се чини дека влече сè наоколу. Причина за создавањето на кратерот е топењето на мразот, односно зоната (пејсажот) на вечниот снег и мраз, пренесува „Мирор“.

Slava Stepanov / WillWest News / Profimedia

Земјата на тоа место била трајно замрзнато за време на леденото доба пред 2,58 милиони години.

Кога шумската област била исчистена во 1960-тите, сончевата светлина стигнала до земјата и почнала да ја загрева.

Мразот во земјата почнал да се топи и тоа довело до слегнување и спуштање на почвата. Поради влијанието на глобалното затоплување на температурите, наскоро би можеле да се појават повеќе „врати на пеколот“ ширум светот.

Како што Земјата продолжила да се загрева, тоа би можело да предизвика поголемиот дел од нејзината површина да биде зафатен од високи температури, а мразот во нејзината површина би можел да почне да се топи.

Кратерот Батагаика се мери уште од 1980-тите и моментално е долг околу еден километар и длабок 86 метри. Отворена Земја открива почвени слоеви стари 120.000 до 200.000 години, веројатно и до 650.000 години, според прелиминарното датирање на најнискиот слој.

Ширењето на кратерот не може да се запре и моментално расте околу 20 до 30 метри секоја година. Проширувањето со оваа брзина продолжува да голта сè околу себе.

Она што го загрижува локалното население е тоа што поединци пријавиле дека слушаат вознемирувачка бучава што доаѓа од таа локација. Јакутите кои ја населуваат оваа област се држат до натприродните верувања во духовниот свет.

Нивната култура е добро поврзана со животната средина, се потпираат на лов, риболов и стапици. Живеат во Русија, но ги има и во Казахстан, Украина и Латвија.

Слични содржини