„Врба“ не доби номинација за Оскар за најдобар странски филм

од Nikola Popovski
331 прегледи

Филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски отпадна од трката за Оскар за странски филм. Иако неговиот филм „Пред дождот“ во 1995 ѝ ја донесе на Македонија првата номинација за Оскар за најдобар странски филм, овој пат во потесниот избор на Американската Академија не влезе ниту „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски.

Американската Академија за филмска уметност и наука вчера ги објави потесните листи со по 15 филмови во девет категории за 93. Оскари. Од овие листи ќе се изберат по петмина кандидати за номинација.
Номинациите за Оскар ќе се објават на 15 март, а доделувањето ќе биде на 25 април.

Меѓу 15-те филма кои останаа во трката за престижната филмска награда за најдобар странски филм, се филмот од Босна и Херцеговина „Kvo vadis, Aida“, потоа „The Mole Agent“ (Чиле), „Charlatan“ (Чешка), „Another Round“ (Данска), „Two of Us“ (Франција), „La Llorina“ (Гватемала), „Better Days“ (Хонг Конг), „Sun Children“ (Иран), „Night of the Kings“ (Брег на слоновата коска), „I’m No Longer Here“ (Мексико), „Hope“ (Норвешка), „Collective“ (Романија), „Dear Comrades!“ (Русија), „A Sun“ (Тајван) i „The Man Who Sold His Skin“ (Тунис).

Слични содржини