Од коалицијата Вреди обвинуваат дека кандидат Албанец во баталјонот „Волци“ во АРМ бил претепан од негови македонски колеги. Тие прашуваат кој и зошто го испратил него во Психијатриската болница во Бардовце? Кому му смета напредокот на Албанците во прашањата за државната безбедност и одбрана?
„Овој аларм треба повеќе да ги загрижува албанските кадри во Министерството за одбрана, особено заменик министерот, сега актуелен министер Тирон Јајага, кој мора да објасни зошто се случило тоа и зошто тој дозволил да се дојде до ваква ситуација. Ние прашуваме како може човек повикан на професионализам и соработка со НАТО да дозволи и да не преземе одговорност за ваков скандал? Како може ваков скандал да помине без одговорност дури и од техничкиот премиер Талат Џафери и од в.д. министерот за внатрешни работи Назим Буши? Дали е ова некое антиалбанско сценарио подготвено од Владата сега веќе во заминување за да создаваат меѓуетнички тензии?