Во вториот круг од локалните избори, Коалицијата ВРЕДИ ќе го поддржи независниот кандидат за градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садику, стои во соопштението на коалицијата.
-Оваа одлука е донесена врз основа на волјата на граѓаните Албанци, јасно изразена на 19 октомври, кога со ЕДЕН ГЛАС рекоа „ДУИ не“ во повеќето албански општини. Заедно со граѓаните и кандидатите кои искрено го претставуваат јавниот интерес, ќе ја унапредиме промената што започна на 19 октомври во албанските општини, се потенцира во соопштението на Коалицијата.