„Вреди“: Кој го спаси Бујар Османи

од Milan1
22 прегледи

ДУИ повторно ја манипулира јавноста со наводниот „ветинг“ и прочистување, ние сакаме да им помогнеме. Вистинското прашање останува, кој го спаси Бујар Османи од судска разврска за случајот „Пациент“, прашуваат од коалицијата „Вреди“.

Додаваат дека специјалното јавно обвинителство покрена бројни случаи против високи функционери од владата на Никола Груевски, но само еден остана недопрен, предметот „Пациент“.

„Бујар Османи беше единствениoт за кој, СЈО кажа дека има сомнеж и докази за сторен криминал, но не покрена обвинение.

Зошто сите други процеси завршија во суд, а овој мистериозно беше стопиран? Кој ја повлече рачната кочница? Дали Бујар Османи им должи на Мијалкови или на Заеви? На кого до крај на животот ќе мора да му слугува господинот Османи?

Црната листа беше пополнета со името на најдобриот другар на Бујар Османи, Артан Груби. Тоа се случи заради посредување и спасување на Мијалков. Дали и овој случај „Пациент“ и неговотo умртвување се должи на истите луѓе и истата шема? Дали Артан Груби посредувал за спас на Бујар Османи? Бујар Османи остана без кривична одговорност, но моралната и етичката ќе ја носи до крајот на животот. Затоа е добро сам да даде одговор каква штета претрпеа граѓаните“, прашуваат од „Вреди“.

Како што наведуваат, за време на министерувањето на Бујар Османи, јавната здравствена установа Гинекологија Чаир беше жртва на сериозни злоупотреби. Таа клиника, каде се раѓаат децата на сите нас, од Чаир и пошироко, според коалицијата, беше предмет на истрагата на СЈО.

„Колку пари беа украдени? Колку пациенти беа оставени без соодветна здравствена заштита? Колку луѓе загубија шанса за подобар третман поради криминалните игри на Османи?

Османи не е само политичар со сомнително минато, тој е директно одговорен за уназадувањето на здравствениот систем. Додека медицинските установи пропаѓаа, неговите блиски се богатеа. Колкава е цената на неговата слобода и кој ја плати?

Време е за вистински ветинг, а не за лажна театарска претстава“, порачуваат од коалицијата.

Слични содржини