Вредноста на биткоинот скокна на 44.000 долари по објавата дека Тесла инвестира во криптовалутата

од Stefanija Kuzmanovska
396 прегледи

Тесла објави дека во јануари собрала 1,5 милијарди долари во биткоини и дека планира да прифаќа биткоин како формат на плаќање за купување на своите производи во блиска иднина. Ова доведе до тоа вредноста на Биткоин да скокне на над 44.000 долари, токму во моментот кога многумина помислија дека ќе забележи пад.

Во моментот, вредноста на биткоинот е околу 42.639 долари. Со оглед на тоа што вредноста на криптовалутата е крајно нестабилна, не е познато како ќе се движи вредноста во наредниот период.
Сепак, фактот дека Тесла одлучи да ја поддржи валутата и да ја прифати како платежно средство може да им даде на инвеститорите дополнителна доверба да ја задржат вредноста на биткоинот на сегашните нивоа.

Во текот на изминатите неколку месеци, вредноста на биткоинот скокна од 20 000 на над 40 000 долари и сега е сè уште на највисоко ниво. Овој раст привлече уште поголемо внимание на јавноста и многумина размислуваат да инвестираат во валутата.

Слични содржини