Вредноста на еврото би можела да падне на 0,9 долари

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Борбата на Европската централна банка да си го врати кредибилитетот на финансиските пазари станува се потешка.

Откако кризата во Рим наврши една недела, истражувањето MLIV Pulse спроведено од Блумберг покажаа дека италијанскиот долг е во ризик повторно да се најде во опасната зона и дека речиси сигурна рецесија го засилува падот на еврото до претходно незамисливи нивоа.

Од 792 читатели анкетирани во последното истражување на MLIV, само 16 отсто од нив изјавиле дека постои можност Европа да избегне економски пад во следните шест месеци, додека 69 отсто од анкетираните сметаат дека вредноста на еврото ќе падне до 0,9 долари порано отколку што ќе успее да достигне 1, 1 долар.

Работите да бидат уште полоши, „политичката бура“ во третата по големина економија во еврозоната може да доведе до дополнителна фрагментација на пазарот. Околу 21 отсто од анкетираните изјавиле дека разликата меѓу италијанските и германските десетгодишни обврзници, пред да реагира ЕЦБ, може да порасне до 500 процентни поени, што е најголема разлика од должничката криза во 2012 година, пишува Блумберг.

Околу 41 отсто од анкетираните, вклучувајќи трговци на мало и менаџери на портфолио на компании, гледаат дека ќе има должничка криза во следните шест месеци, што ќе биде голема промена во однос на периодот на негативни приноси што трае во споменатиот регион од јануари оваа година.

Предупредувањата доаѓаат во незгоден момент за ЕЦБ, која оваа недела најверојатно ќе ги зголеми долгорочните каматни стапки, додека инфлацијата веќе е на рекордно ниво и постои можност одлуките на Русија дополнително да ја влошат енергетската криза.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, посочи дека доколку цената на кредитирањето на „послабите“ нации се зголеми премногу, ќе се применат заштитни мерки, како и дека ќе продолжи купувањето на обврзници. Економистите анкетирани од Блумберг очекуваат ликвидноста од тоа купување повторно да се апсорбира во процес наречен стерилизација.

Реално гледано, алатките за управување со кризи се дизајнирани да бидат блефирани, што сугерира дека монетарните власти ќе направат се што е потребно за да го спречат падот на еврозоната и дека нема да има потреба да купуваат обврзници.

Слични содржини