Вредноста на работниот час во ЕУ најмногу се зголемил во Романија и Унгарија

Податоците се однесуваат на последните три месеци од 2023 година во однос на последните три месеци од 2022 година.

од Бети Божиноска

Цената на платите по час работа во Европската унија најмногу се зголемила во Романија (16,9 отсто), Унгарија (16,3 отсто) и Хрватска (16 отсто), покажуваат податоците на ЕУ, објави „Индекс“.

Податоците се однесуваат на последните три месеци од 2023 година во однос на последните три месеци од 2022 година.

Силен раст имаа и соседните Словенија (12,5 отсто) и Србија (12,4 отсто), а најмал раст на цената на трудот забележаа Италија (пад од 0,1 отсто), Данска (1,9 отсто) и Германија (2,2 отсто), Франција (2,7 отсто) и Ирска (2,5 проценти).

Индексот на трошоците за работа, кој го пресметува растот, го покажува зголемувањето на трошоците за работна сила по час што ги прават работодавците, во номинални вредности, односно без приспособување за движењата на цените.

Тој се пресметува тала што цената на трудот во национална валута се дели со бројот на одработени часови. Медиумите забележуваат дека станува збор само за нумеричко зголемување на платите кое нема врска со растот на цените, а во него не се вклучени ниту други трошоци за работна сила кои не се однесуваат на платите.

Слични содржини