Вредноста на X падна за 71% откако Маск ја купи социјалната мрежа

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Вредноста на платформата Х падна за 71 отсто откако социјалната мрежа ја купи американскиот милијардер Елон Маск и го смени името од Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги „Фиделити“, која има удел во платформата.

Заедничкиот фонд, кој поседува удел во платформата X, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот веб-сајт Axios дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на платформата сега е околу 12,5 милијарди долари.

Тој фонд изјави дека до ноември минатата година вредноста на неговите акции во платформата Х паднала за 71,5 отсто откако Маск ја купи социјалната мрежа, објави „Гардијан“.

Слични содржини