Вредноста на златото во 2024 година се зголеми за дури 26 отсто

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Во 2024 година вредноста на златото се зголемила за цели 26 отсто, што претставува најдобар годишен учинок на овој благороден метал во последните 14 години.

Како што се наведува, скокот на цената на златото е последица на олабавувањето на монетарната политика во Соединетите Американски Држави и геополитичките тензии во светот, додека централните банки купувале злато во рекордни количини, пишува порталот Trading Economics.

Светската цена на златото благо падна само во ноември по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, но сепак ги надмина повеќето други метали, додека железото и литиумот забележаа остар пад.

Слични содржини