„Време е за ново поглавје“ – Ана Ивановиќ со емотивна исповед, ја откри вистината зад гласините за развод

од Љубиша Владимиров
0 прегледи

Во последните неколку недели, тениската ѕвезда Ана Ивановиќ повторно е во центарот на вниманието – но не поради резултати од теренот, туку поради шпекулациите за нејзиниот приватен живот. Германските медиуми секојдневно објавуваат нови теории за наводниот развод и можното смирување помеѓу Ана и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Додека светот со нетрпение очекува потврда за тоа дали двојката сè уште е заедно, Ана продолжува со својот живот и активно споделува моменти на социјалните мрежи. Таа неодамна објави фотографии од дружење со тениската легенда Роџер Федерер во Париз, што повторно ги раздвижи гласините. Но, она што навистина привлече внимание е нејзиното искрено сведоштво во првата епизода од документарната серија „Патот до број еден“.

Во ова емотивно интервју, Ана го отвори срцето и ги сподели личните размислувања за промените, предизвиците и патот што го избрала по завршувањето на својата тениска кариера.

„Дефинитивно беше тешка одлука, но почувствував дека е време за ново поглавје во мојот живот“, вели Ана.

Таа истакна дека многу луѓе се плашат од промени, бидејќи се држат до познатото и сигурното.

„Ние не сме истата личност што бевме вчера. Секој нов ден ни носи нова верзија од нас. На крајот на денот, славата доаѓа и си оди, но она што останува е тоа кој сме навистина. Секој човек има свој повик, и ако доволно длабоко се загледаме во себе, можеме да го почувствуваме тој пат. Не многу луѓе се осмелуваат да го следат“.

Во серијата, Ана зборува и за лекциите што ѝ ги донесе тенисот – дисциплина, упорност, но пред сè, верба во сопствените соништа. Таа отворено признава дека луѓето најчесто гледаат само што е на површината, без да знаат низ што поминува некој зад кулисите.

„Многу нешта се случуваат под површината за кои не сме ни свесни – или на другите едноставно не им е гајле. Но, охрабрувачки е да сфатиш дека ти си тој што го контролира својот живот. Иако понекогаш не изгледа така, најголемата сила е веќе во тебе.“

Со овие зборови, Ана Ивановиќ им испрати силна порака на своите фанови и на сите оние што се соочуваат со животни предизвици – дека вреди да се следи срцето, без страв од нови почетоци.

Слични содржини