Времен сообраќаен режим на булеварот Крсте Петков Мисирков

од Берта Китинска
185 прегледи

Градот Скопје известува дека од вечер од 22 часот до утре до 05 часот наутро поради изведба на градежни работи на булеварот Крсте Мисирков, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, односно коловозните ленти од страната на судовите.

Сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата Кеј 13 Ноември (кај МКЦ) и по сервисните улици кај судовите.

Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Слични содржини